Правила и услови за користење

Правила и услови за користење

Правила и услови за користење

Со користење на апликацијата BAN Human Trafficking! корисникот ги прифаќа и е должен да ги почитува следниве услови:

Сопственост

Апликацијата BAN Human Trafficking! (во натамошниот текст: Апликација), која вклучува веб страна, CMS апликација, мобилна апликација за Android и IOS уреди, како и целокупната содржина на исти - текстови, слики, аудио и видео материјали (во натамошниот текст: содржина) се во сопственост на организациите кои го спроведуваат проектот ,,Balkans ACT Now,,: АСТРА – Акција против трговија со луѓе (СРБ), Партнерството за општествен развој (ХРВ), MFS EMMAUS (БиХ), Отворена порта - Ла Страда Македонија (МК), ), ALC - Accompagnement, Lieux d’Accueil, Carrefour educatif et social (ФР), CCEM – Committe Contre L’Esclavage Moderne (ФРА), Netherlands Helsinki Committee (ХОЛ), Центар за женски права (ЦГ) и Ла Страда Интернационална (ХОЛ) (во понатамошниот текст: Balkans ACT Now! проектен тим), при што сите права се задржани, освен ако не е наведено поинаку. Сопственикот на оваа апликација го задржува правото за промена на овие Правила и услови за користење, во секое време и без претходна најава, сите промени ќе стапат во сила на денот на нивното објавување. Информации за промени во условите ќе бидат објавени на страницата Правила и услови за користење, и должности на корисникот на апликацијата е навремено да се информира за настанатите промени.

Користење и заштита на податоци

Приватноста на сите корисници на апликацијата ќе биде заштитена. Се собираат само потребните основни податоци за корисниците или дополнителни информации за кој самиот корисник се согласил. Сите податоци кои се однесуваат на корисниците / клиентите се чуваат строго доверливо и се достапни само на вработените во организациите кои го спроведуваат проект Balkans ACT Now!, на кои овие податоци им се потребни за работа. Сите вработени во овие организации се должни да го почитуваат принципот на заштита на приватноста.

Дозволено е само за лична употреба

Оваа апликација е наменета за лична употреба и има за цел да врши едукација и превенција од трговија со луѓе, а не да се користи за комерцијални цели. Затоа забрането е превземање на содржината, нејзино копирање, ре-емитување, објавување, лиценцирање, обработка, продавање, измени и објавување на други веб-страници /апликации или ,,пресликување,, на било кој дел од сорджината на некое друго место, што се смета за повреда согласно Законот за авторски права во Р. Македонија.

Заштита на авторски права

Содржината на апликацијата е заштитена со Законот за авторски права во Р. Македонија, а авторските права важат за целата содржина на Апликацијата. Соодветно на тоа, содржината и делови од содржината може да се користат само на начин и под условите утврдени со овие Правила и услови на користење.

Неовластена употреба

Корисникот се обврзува дека оваа Апликација нема да ја употреби за цели и работикои што не се во согласност со законот и другите важечки прописи на Република Македонија и други меѓународни права, и дека нема да врши кривични дела и стопански прекршоци поврзани со Апликацијата и дека нема да повредува друго лично право, добрите деловни обичаи и правата на заштита на потрошувачите.

Забрана за лажно претставување

Со прифаќањето на Правилата и условите за користење, корисникот се обврзува да не ја користи Апликацијата за лажно претставување, вклучувајќи адреса и други податоци кои се однесуваат на корисникот, сопственикот на Апликацијата и други лица. Корисникот се обврзува со користење на Апликацијата да не доведувате во заблуда трети страни со користење на содржината и активностите поврзани апликацијата.

Злоупотреба на Е-пошта

Корисникот се обврзува да не ја користи апликација за да дистрибуира Спам пораки (e-mail, СМС, е-конференции, вести, блог, итн) кои се однесуваат на лична промоција, промоција на производ и услуга, или некој друг вид на промотивни активности .

Дистрибуција на вируси

Корисникот се обврзува дека нема да ја користи Апликацијата за ширење на било каков вид на штетни интернет програми, пораки и податоци (вируси, тројанци, spyware-a, malware-a, hoax-a, пирамидални шеми и слично) или друг софтвер кој може да биде штетен на други лица, компјутери или на содржината на компјутерите на други лица.

Ограничување на одговорностите

Сопственикот на апликација под ниту едни околности нема да биде одговорен пред ниеден корисник:

  • За правилно или неправилно користење на Апликацијата, како и за евентуални штети кој настанале по тој основ,
  • За било каква штета која корисникот ќе ја има со правилно или неправилно користење на сајтот или мобилната апликацијата, како и други информации, сервиси, услуги, совети или производи до кои е дојдено преку Апликацијата или линкови поврзани со неа.
  • За неправилно функционирање или прекин на работата на сервисите по било кој основ.

Неовластен пристап до ресурсите и содржината на други лица

Со прифаќањето на Правилата и условите за користење, корисникот се обврзува дека нема да ја користи Апликацијата, за да оствари пристап и контрола на ресурсите и содржината на други лица, вклучувајќи ги и оние во сопственост на другите корисници на Апликацијата. Ова правило важи и за секој обид на корисникот да добие пристап до податоци кои се наоѓаат на серверите и мрежата на организациите кои го спроведуваат проектот Balkans ACT Now!, а кои не се директно наменети за корисникот ма Апликацијата.

Превземија апликацијата BAN Human Trafficking

App Store Google Play

Aнкета- Кога жртвите на трговија со луѓе имаат право на надомест на штета?

loader